Македоника Литера

Леон во Стаклената Гора

Жарко Милениќ

200 ден.

146 стр., 200 х 140 мм, 2024

 

Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интере­сира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите. Го очекуваат безброј возбудливи патешествија и средби со необични лико­ви, а со секоја средба тој станува побогат и поискусен... Така станува и ученик на Антадор, волшебникот со голема моќ, меѓутоа неговите намери секогаш не се добри...

Авантурите на волшебникот Леон од „Леон, ученикот на волшебникот“ продолжуваат во оваа втора книга. Во оваа втора книга добриот мал волшебник оди во Стаклената Гора за да ги спаси затворените жители на Селанија – претворени во Стакленци. На своето патување тој минува низ необични кралства и земји: Арболија, Ликија, Транија, Лонија... и среќа­ва подеднакво необични и интересни ликови... Фантастична приказна за деца и за оние кои сè уште се во срцето.

Овој сказновиден роман на Милениќ е вториот од трило­ги­јата романи за деца во која главниот лик е Леон (1. Леон, ученикот на волшебникот; 2. Леон во Стаклената Гора; 3. Антадор, учителот на Леон).

Станува збор за книжевно-естетско остварување со висо­ки вредности: според јазикот и стилот, организацијата на текстот, длабоко осмислената фабула и течната нарација, при што е карактеристичен класичниот стил на раскажување во духот на народната приказна, односно на бајката, со романи­зирана структу­ра. Книгата е напишана со едноставен, лесен и убав раскажувачки јазик и стил. Реченицата е одмерена и куса, а динамиката усогласена според фабулата. Книгите од оваа трилогија доби високи оценки од книжевната критика.