Македоника Литера

Барајќи карпа за молитва

Бобан Богатиновски

100.00 ден.

145 стр./ 200x130

Книгата содржи педесетина песни, објавени двојазично – на македонски и на англиски јазик „Барајќи карта за молитва“ е книга во која на многу суптилен и сензибилен начин ни се претставени реалноста и иреалноста на светот... Низ лирски исказ поетот одговара на општопоставуваното човеково прашање: што е тоа реалноста?

„Во новата поетска книга, пишува Клетников во поговорот, Богатиновски својата песна ја извлекува од лавиринтите на херментизмот и ја изведува на отворен и конкретен социјален простор. Стиховите во основа се монолошки, без разлика што во целата книга се присутни, час дирекно, час прикриено, уште еден женски и еден машки субјект, вешто амалгизирани со лирското Јас на поетот, како некој вид негово внатрешно алтер-его, со кои поетот понапред монологизира отколку што дијалогизира.“