(поетска антологија - трилогија)
Приредувач: Светлана Христова Јоциќ
300.00 ден.
473 стр. / 230x130
„Сто без една песна“, во избор и предговор на Светлана Христова Јоциќ, содржи три тематски избори од македонската поезија, а во секој од нив има по 99 љубовни, необични (очудни) и нај песни (или вкупно 297 песни). Всушност, тоа е трилогија од поетски антологиски избори насловени: „Сто без една љубовна песна“, „Сто без една очудна песна“ и „Сто без една нај песна“.
Во трилогијата се застапени стотина автори, а основниот критериум на приредувачот при изборот на песните е естетското ниво на песните. Изборот содржи песни од народната поезија, односно од Константин Миладинов па до најмладите македонски поети и е еден од најрепрезентативните претставувања на македонската поезија, што пак не нуди само читателско задоволство од најубавото во македонската лирика, туку претставува и корисна публикација за афирмација на највисоките поетски вредности во Македонија.