Македоника Литера

Домашни правила

Оља Савичевиќ Иванчевиќ
ДОМАШНИ ПРАВИЛА
100,00 ден. 

Книгата со лирски записи „Домашни правила“ на хрватската писателка Оља Савичевиќ Иванчевиќ, беше прогласена за најдобра книга во хрватската поезија во 2007 година.

Домашни правила доживеа три изданија во Хрватска, едно во Србија, а е објавена и на шпански јазик.

За Домашни правила Марко Погачар пишува:

„Поезијата на Оља Савичевиќ Иванчевиќ донесува суптилна археологија, интима, на анегдотата, запаметениот детаљ, чувст­во­то или пронајдениот и одамна загубениот предмет на втеме­ле­ни асоцијативни низи на органското сеќавање, филигрански испле­тени како траги на ползавци на одамна напуштена куќа.

Овие лирски фрагменти, речиси со прозен слог, дури и тогаш кога со манифестно имагинарно преместување ќе го напуш­тат првобитниот интимен простор и време, ќе го вклучат новостекнатото оживеано искуство во единствено на повисок ред и целина кои остануваат секогаш отворени и динамични, нико­гаш довршена поетичка творба.“

Оља Савичевиќ Иванчевиќ (Сплит, 1974) е современа хрват­ска писателка. Пишува поезија и проза и е едно од најза­бележителните и најнаградуваните имиња во најновата хрватска литература.

Автор е на поетските книги: Ќе биде страшно кога ќе порас­нам (1988), Вечни деца (1993), Женско писмо (1999), Puzzlerojc (2006), Домашни правила (2007); книгите со раскази Да го насмееш кучето (2006) и романот Адио каубоју (2010).

Добитник е на наградата за проза „Прозак“, на првата награда „Ранко Маринковиќ“ за кус расказ, на наградата „Киклоп“ за најдобра поетска книга – за Домашни пра­­вила, а за романот Адио каубоју е наградена со наградата на Т-портал за најдобар роман и со наградата на весникот „Слобод­на Далма­ција“ за уметност – „Јуре Каштелан“.

Поезијата и прозата на Оља Савичевиќ Иванчевиќ е преве­де­на на петнаесетина јазици. Вклучувани се во избори и антоло­гии во Хрватска и во светот.

Оља Савичевиќ Иванчевиќ живее и работи во Сплит како слободна писателка. Пишува статии и за весници и интернет-портали.