Саво Костадиновски
150 мкд.
147 стр./ 200x130
Книгата е двојазична – на македонски и на германски јазик. Темата не е поетична, но е поетска. Во таква тесна рамка авторот ги ниже своите лирски записи. За тоа, во предговорната белешка, вели:
„Сето мое животно искуство е и поетско искуство.
Сиот живот, или поточно откако почнав да се нурнувам во бескрајниот литературен свет, преокупиран сум со поезијата. Таа ми е составен дел од животот, таа ми е живот во секојдневјето. Со неа го осмислувам и го реосмислувам мигот заробен во споменот и мигот што го живеам. Тaа е одраз на моите трепети, рефлексии, емоции, таа ми е смислата во минливиот свет.
Тaа е мојата преокупација и кога сум го менувал местото на живеење, кога сум ја менувал татковината, кога сум ги минувал меридијаните на Земјината топка.
Токму оттаму произлегува и насловот на оваа книга. Тој директно посочува на нејзината поврзаност со мојот живот. Можеби животот не е секогаш поетичен, можеби не можеме да го споредиме со песна, но за мене сигурно песната е живот. Поточно, неа ја исполнувам со мојот живот...“