Македоника Литера

Најубавите писма на великаните

Избор, превод и адаптација: Тамара Арсовска

300.00 ден.

188 стр./A5 формат (200x140)


         Во оваа книга, која  припаѓа на епистоларната книжевност, се објавени најубавите љубовни писма на најпознатите писатели и уметници, но и владетели и научници.

На Рајнер Марија Рилке, Марина Цветаева, Борис Пастернак, Гете, Антон Чехов, Лав Толстој, Фјодор Достоевски, Владимир Мајаковски, Хенри Милер, Џемс Џојс, Гијом Аполинер, Густав Малер, Франц Кафка, Оноре де Балзак, Виктор Иго, сликарот Дали, Густав Флобер, Елза Триоле, Жорж Санд, Луј Арагон, Пол Елијар, Алфред де Мисе, Френсис Скот Фицџералд и други. Најголем дел од застапените славни имиња се големи мајстори на перото и избраните интимни преписки претставуваат врвна уметничка литература.

Биографите сметаат дека писмата се најважниот дел од биографијата и се мошне интересни и за теоретичарите и за историчарите на книжевноста и науката. Епистоларните книги, денес, се меѓу најчитаните во светот, пред сè поради нивната автентичност и отвореност. Тие се значајни за проучување на авторите, но и за облагородување на литературата и за воспевање на љубовта. Содржат значајни историски, социјални, општествени или интимни биографски факти, а често претставуваат и мали есеи за луѓето и состојбите, за општествените, културните и книжевните процеси.