Ива Херцикова, Халина Павловска, Михал Вивег
Тројца за никаде
150.00 ден.
228 стр./ формат 120*170
Роман за триаголниците. Овој необичен и интересен роман на популарните чешки автори е еден од најчитаните романи во Чешка во последниве неколку години.
Секој од тројцата автори посебно пишува „во името“ на својот лик, а кога почнале да пишуваат однапред ги знаел само имињата, годините, професијата на ликовите и состојбата „на својот херој“. Херцигова, Вивег и Павловска една година наизменично своите „епизоди“ од романот во списанието „Среќниот Џим“, каде што секој се надоврзувал на приказната на претходниот. Таквото „дописно“ творештво резултирало со интересен и несекојдневен роман, во кој тројцата автори извонредно опишале три посебни лика и три погледи на светот, во кој најважното место го имаат љубовта и сексот.