Македоника Литера

Валкани приказни

Моника Пјонтковска

Валкани приказни

200 мкд

      Заедничкиот именител на дванаесетте раскази во „Валкани приказни“ е тематската нишка: подлоста, расипаноста, злобата, суровоста и злото кои можат да се појават во секое време, на секое место и кај секој човек.

      Главните јунаци се различни луѓе кои припаѓаат на различни социјални групи, кои пак застрануваат по лош пат или на некој начин се поврзани со злосторства. Мотивот за нивните постапки е различен. Некогаш тоа е погрешниот поглед кон праведноста, одмаздата или пак немањето каква и да е мотивација. Постапките на главните јунаци наведуваат на размисла за суштината на човечката подлост и на злото. Секој расказ дава нова перспектива за злото, во какви форми може да се појави тоа, има своја шема и шаблон, а крајот е ефективен со изненадување.

      Нарачај