Македоника Литера

Обител

  Захар Прилепин 

  600 мкд.

  663 стр./ A5 формат (200x140)

  Прочитај извадок

    Романот „Обител“ е базиран врз вистински настани и расветлува една темна точка и раскажува една дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот: Соловецкиот манастир, претворен во ужасен логор, во првиот гулаг.

    Логорот се наоѓа на северот на Русија, во Белото Море. Основан е по Октомвриската револуција во 1917 година, какао Соловецкиот логор за специјални намени (т.н. СЛОН), првиот од новата мрежа на казнени логори во СССР. Во манастирот – затвор нема само белогардејци, туку и црвеноармејци, чекисти, ленинисти, сталинисти, кулаци, наемници, поети, свештеници, убијци, манијаци..., каде што џелатите стануваат жртви, а затворениците стражари.

   

     Прилепин романот го пишувал три-четири години, истражувајќи многу литература, архивски материјали, мемоари и досиеја на затвореници. Логорот Соловки е посебен феномен, првиот гулаг, и не може да се спореди со идниот Гулаг, но имало ужаси за кои не се очекувало да се слушне во Русија: ужасни затворски услови, глад, тешка исцрпувачка работа, беспричински егзекуции, неразумни казни...

    „Во руската култура постојат две традиции: трагедиска и херојска. Достоевски е трагедиска фигура, Толстој – херојска. Шаламов е трагедиска фигура, Солженицин – херојска. Прилепин точно ја следи херојската традиција. Прилепин е Големиот Стил. Никој не умее, но тој умее“ – напиша рускиот писател Андреј Рубанов за Захар Прилепин по објавувањето на „Обител“.

    „`Обител` е совршено грандиозен текст, прекрасен, сеопфатен, физички опиплив – во дијапазон од болка до сладострастие“, пишува Шамиљ Керашев.

   Нарачај