Македоника Литера

Време за живот

  Маркос Хиралт Торенте

  200 мкд.

  164 стр./ A5 формат (200x140)

     Национална награда за литература на Шпанија, награда „Стрега“.

     Возбудлив и смел автобиографски роман за драматичната поврзаност меѓу татко и син, за тажните моменти и за опасните крстосници на животот. Храбра и убава, искрена и потресна исповед за која зборуваат читателите во светот. Страниците на оваа многу лична книга се проткаени со голема љубов – на синот спрема таткото кој му недостасувал во најголемиот дел од животот...

     

     Уметникот боем, таткото, ги остава сопругата и малиот син за да води слободен живот. Отсутниот татко остава тешка сенка врз животот на момчето. Многу години подоцна, кога таткото се разболува и му остануваат две години од животот, син му е тој кој му се оддава целосно, па дури и запоставувајќи го своето семејство. Во преостанатото време за живот двајцата ја враќаат назад лентата на животот и го преиспитуваат патот по кој поминале, оптоварени од вината еден спрема друг.

  Нарачај