Македоника Литера

Досадников

  Ана Багрјана

   200 ден.

   180 стр. / формат А5 (200 х 140)

   Специјална награда за издавачите на меѓународниот литературен натпревар „Крунисување на зборот“ (2012) и номинација за наградата Книга на годината во Украина.

   Антон Досадников, кој дипломирал на Институтот за новинарство, се обидува да ја пронајде својата струка во животот. Откако извесно време работи како дописник за политички вести, потоа – како крупие во казино и на крајот – како шеф на одделот Преиспитување во списанието „Криминален свет“, се соочува со болестите на неговото време. Го прогонуваат опсесивни соништа и грешни мисли за сенишната калуѓерка. Антон отишол во црква во потрага по ментална рамнотежа, наместо тоа добил понуда да стане главен уредник на црковен весник. Неговата нова работа го инспирира за нови гревови и злосторства, тајно ги снима сите исповеди на мирјаните. Отпуштен е од таа работа, а потоа му се остварува својот долгоочекуван сон – да отвори свој ресторан, каде посетителите ќе имаат можност да се исповедаат еден на друг и да добијат прошка за сите гревови. Благодарение на еден поранешен криминалец, сонот на Антон набрзо се остварува, но се претвора и во негов кошмар.