Селведин Авдиќ
200 ден.
134 стр. / А5 (200 х 140), 2021
Овој роман се чита како поетична посвета на предвоена Зеница во Босна и истовремено како ламентација за постранзицијата, односно за тоа што останало од мултикултурниот и индустриски организам. А тоа се неговите жители, одеднаш изгубени и несреќни. Главниот јунак Миран се враќа во градот по војната, еден ден после земјотрес и голема поплава. Тој ќе се обиде да живее мирно, во трошна зграда, со разнобојни соседи и спомени, ќе започне љубовна врска со Верена, поранешната сопруга на кралот Банана, која е само дел од моќната и чудна галерија на ликови во романот. Приказната за Миран ќе биде заменета со приказната на шефот на хотелската сала на хотелот „Металург“ во градот „лулка на пролетаријатот“: за темнината, за отворената врата на подземјето што ги зафатило луѓето, за злото што доаѓа и расте, за падот и самракот на цивилизацијата, за вознемиреноста и паранојата, за некои апокалиптични или темни теми... Во оваа книга се сретнуваат онтолошките и психолошките дилеми и рафинираната естетика на Дејвид Линч со лична меморија и одредена носталгија за подемот и оптимизмот на социјалистичкиот период.