Паоло Коњети
250 ден.
Обем: 152 стр., формат: 200 х 140, 2022
Авторот на романот „Осум планини“ (преведен на 40 јазици и продадени на еден милион примероци) во овој роман создава љубовна приказна чии деликатни дејства се надополнуваат со живописните пејзажи на италијанските Алпи. Групата главни ликови, кои постојано се бараат себеси, се како глутница волци кои бараат блаженство додека се наоѓаат на пресвртница во своите животи откако го напуштиле градот (Милано) и заминале во едно високо алпско село сместено во дивите и фасцинантни предели. Во „Среќата на волкот“ Коњети ги истражува човечките односи, нивните пукнатини, празнини и недостатоци преку постојан дијалог меѓу човекот и природата. Оваа проза е како медитација за планината и за љубовта.
Префрлувајќи го погледот од надежите и соништата на младоста кон противречностите на зрелоста, Коњети оформува извонредна група ликови кои постојано се бараат себеси: Фаусто, Силвија, Санторзо, Бабет. Во оваа прекрасна проза Паоло Коњети за своите јунаци го гради светот на малото планинско село Фонтана Фреда. Оваа проза е како медитација за планината и за љубовта.
Романот на италијански јазик е објавен во октомври 2021 година, но истовремено со подготовка за печатење на италијанското издание, правата за преведување веќе беа продадени во 16 земји, односно две недели од публикувањето – во 20 земји. Само неколку дена по италијанското издание романот веќе беше објавен во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, вклучувајќи го и каталонското издание. Во некои земји е публикуван со насловот „Љубовници“. До ова, македонско, издание, правата за превод и публикување на романот беа продадени во 27 земји. Овие податоци најдобро говорат за големиот интерес што го предизвикува овој автор по неговиот роман „Осум планини“, за кој ја доби европската награда „Стрега“ и доживеа светски успех.