Македоника Литера

Адела

Гарабет Ибраилеану

250 ден.

160 стр., 200 х 140 мм, 2023 г.

 

 „Адела“ е класика во романската литература и е филозофски роман во кој главен лик е љубовта.

Ова е роман за искушенијата на љубовта, за судирот меѓу разумот и чувствата, за енигмата на вечниот женски принцип. Инспирирана апотеоза на животот, осмислена од љубовта.

Суштината на романот е анализата направена од четирие­сет­годишен човек, психолошка интроспекција која произлегува од душата на вечниот адолесцент и анимирана од духот на деликатниот интелектуалец, кој не верува во можноста за искрена љубов од жена дваесет години помлада од него.

Книгата се вбројува меѓу истакнатите дела на романските романсиери од периодот меѓу двете светски војни, познат како „златното доба“ на романската литература. Тогаш Романците, наспроти балканските соседи, успеаја да создадат галаксија на писатели од светска класа во поезијата и во прозата, меѓу кои се Мирчеа Елијаде, Александру Македонски, Тудор Аргези, Џорџе Баковија, Цезар Петреску, Камил Петреску, Маихаил Себастијан, Макс Блекер, Џорџ Калинеску, Јонел Теодо­ријану, Ливиу Ребреану, Џиб Михаеску, Жан Барт и други.

Модернистичките трендови во литературата во 1930-тите се присутни и во романот на Ибраилијану – симболични експери­менти со боите, промени во сликите и ликовите. Но, за разлика од повеќето негови современици, кои се свртуваат кон градот како сцена на модернистичка слика, Ибраилијану избира мало село во подножјето на Северните Карпати, опкружено со други села, планински врвови, тврдини и манастири. Напишан во прво лице еднина, романот го претставува нараторскиот јунак кој не само што раскажува, туку и безмилосно се самоанализира.

Романот се појави во мај 1933 година и е единственото белет­ристичко дело напишано од романскиот критичар и теоретичар, кое му ја донесе, таа година, Првата национална награда за проза.

Гарабет Ибраилеану (1871, Тргу Фрумос – 1936, Букурешт) бил романски критичар и литературен историчар, есеист, педагог, лите­­ра­турен уредник и романсиер. Претставува една од највли­јателните личности во романската литература во првите децении на 20 век, теоретичар, промотор на научната литературна критика, литературен креатор, професор по историја на романската литера­тура на Универзитетот во Јаши и главен уредник на списанието Романски живот меѓу 1906 и 1930.