Горан Гламузина
300 ден.
112 стр., 200 мм, 2026 г.
„Тивки куќи“ е прва книга од младиот хрватски автор Горан Гламузина (1995). За кратко време по објавувањето, книгата доби големо внимание во хрватските медиуми. Во хрватските медиуми беа објавени неколку критички текстови, како и неколку рецензии, препораки, интервјуа... Општата оценка во овие рецензии е дека во хрватската литература се појавува нов талентиран и перспективен млад раскажувач.
Збирка од шест раскази, шест приказни зад чиј наслов се крие моќна метафора. „Тивки куќи“ не се тивки затоа што во нив владее мир и спокој, туку затоа што се молчи за најважните нешта.
Исклучително зрело деконструирајќи го традиционалниот идеалистички концепт на семејството и прикажувајќи ги односите како комплицирани констелации каде блискоста и отуѓувањето одат рака под рака, авторот суптилно и многу вешто нè предизвикува на длабоко слушање на таа тивкост во која пулсираат семејните трауми, напнатоста, меланхолијата и болката кои ликовите ги носат како свој товар или пораз.
Во своите кратки раскази, Горан Гламузина успева да навлезе во психолошките длабочини на своите ликови и да истражи различни перспективи за животот. Пишувањето, во неговиот случај, не е само интелектуален чин, туку процес на самоосознавање, додека ликовите во расказите ја одразуваат неговата желба да ги истражува свеста на другите луѓе без страв од разоткривање на личните несигурности. Иако темите што ги опфаќа се предизвикувачки, отвореноста на неговите тивки куќи укажува и на темнината во самите индивидуи. Но иако станува збор за раскази, кои и не се во толку куса форма, Горан Гламузина успева да ги профилира ликовите, кои во секој расказ се наоѓаат во различни ситуации, односно во различни тематски подрачја, и секој лик е многу различен од ликовите во другите раскази.
„Тивки куќи“ беше финалист за наградата „Едо Будиша“ за најдобра книга раскази.
Превод од хрватски јазик: Владимир Илиевски.
