Македоника Литера

Трите века

Саво Костадиновски
ТРИТЕ ВЕКА
120 ден.

         „Трите века“ е роман – хроника, која е и епско и лирско ехо на меланхолијата, носталгијата, љубовта, судбината, родољубивоста, содржани во суровата животна приказна за трите генерации печалбари од една семејна лоза на три различни континенти, а која се протега во три календарски века и сместена во трите дела на книгата.

 Со читањето на ова дело се добива впечаток како сè да й е подредено на фикцијата, но неодминливо е и уверувањето дека најдобрите приказни се вистинските приказни (настаните и личностите се вистинити).