Ристо Стефановски
Teaтарот на Македонија (од почетоците до ослободувањето)
(второ дополнето издание)
900.00 ден.
Овој историографско-театролошки труд е, всушност, дополнето издание на првата книга од 1990 година на Ристо Стефановски од неговата повеќетомна едиција за историјата на македонскиот театар.
Ова второ издание е значително пообемно и збогатено со повеќе сознанија за личностите и за другите празнини во огромниот период кој е обработен, од антиката до крајот на Втората светска војна. Тоа е, пред сё, времето на османлиското владеење на овие простори, големата театарска активност пред и по илинденскиот период, театарскиот живот во периодите од 1913 до 1915 и од 1918 до 1941 година, за театарскиот живот по Првата светска војна, но и за театарот на Чернодрински, но и за театарскиот живот за време на Втората светска војна
Инаку, во оваа книга авторот хронолошки го проследува и го документира развојот на театарот во Македонија во текот на еден огромен временски распон: од неговите извесни почетоци во античкиот период до конституирањето на македонската држава во 1944 година, момент што ја означува појавата на современиот македонски театар.