Атанас Крлевски
150 мкд.
Книгата „Oкрлавени мисли" содржи оклу 300 одбрани афоризми, поделени во три тематски дела (насловени со афоризми), а придружени со поговори на рецензентите на книгата Љупка Цветанова и Ристо Филчевски. Афористичките книги се ретки изданија во македонското издаваштво, а Крлевски пред две години ја објави и книгата „Крлевизми".
Атанас Крлевски (1956 година - Ташкент, Узбекистан, живее и работи во Велес) афоризми пишува три и пол децении, автор е на многу антологиски афоризми, наградуван е во земјата и во странство и е застапуван во меѓународни антологии. Објавувал во „Остен“, „Студентски збор“, „Млад борец“, „Македонски остен“, а денес соработува во повеќе печатени и електронски сатирични списанија и потрали во земјата и во странство, Меѓу другото, застапен е во Антологијата на македонскиот афоризам (2007) подготвена од Васил Толевски и во Антологија: Афоризми и афористичари