Македоника Литера

НАСКОРО „ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ: НОВ ПРЕВОД СО КОМЕНТАРИ НА ТАО ТЕ КИНГ“ ОД ЧАРЛС Ќ. ВУ,

 

 Чарлс Ќ. Ву

„ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ: нов превод со коментари на Тао Те Кинг"

Eксклузивна предпродажна цена: 150 ден.

    Наскоро ќе излезе од печат книгата „ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ: нов превод со коментари на Тао Те Кинг“ од Чарлс Ќ. Ву, кинеско-американски универзитетски професор и експерт за таозимот и кинеската култура.
   Книгата ќе биде двојазична книга, на македонски и на англиски јазик, а поглавјата од „Тао Те Кинг“ се објавени и на кинески јазик.
ЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА: само 150 ден.! (А5, 352 стр.)

 

 Извадок од „ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ. Тао Те Кинг – нов превод со коментари:

“КИНЕСКА ПРИКАЗНА ЗА СРЕЌАТА И НЕСРЕЌАТА

Сите нешта во овој свет се променливи и непредвидливи. Затоа, најдобрата политика на владетелот е да биде неодредена и толерантна, додека обичниот народ се чува во својата недопрена состојба на чесност и простодушност.
Токму во овој контекст доаѓаме и до познатата поговорка: „Несреќата е тоа на што среќата се потпира; среќата под несреќата се крие“, што пак води кон подоцнежната, подеднакво популарна легенда од династијата Хан. Приказната оди вака: „Еден ден, старецот кој си живееше на северната граница го изгуби својот омилен коњ и сите соседи дојдоа да му изразат сочувство. Старецот им рече: – Ох, никогаш не се знае дали ова е вистинска несреќа. Неколку дена подоцна, коњот се врати од зад границата заедно со уште еден, уште поубав коњ и соседите на старецот дојдоа да му честитаат. Тој само им одговори: – Ох, никогаш не се знае дали ова е вистинска среќа. Неговиот син кога го здогледа новиот коњ, се обиде да го јавне. За жал тој падна и си ја скрши ногата. Соседите повторно дојдоа да му изразат сочувство, но старецот пак им одговори со зборовите: – Ох, никогаш не се знае дали ова е вистинска несреќа. И навистина, по неколку дена, воените регрути дојдоа да го повикаат неговиот син во војна. Кога ја забележа неговата скршена нога, офицерот отстапи и си замина. И знаете како одговори старецот на тоа.“ (Види „Хуаи Нан Ѕи“, поглавје 18)