Македоника Литера

Зад текстовите

Маја Апостолоска
Зад текстовите
100 мкд

„Зад текстовите“ се одликува со широк опсег на критичко-есеистичкиот интерес и во теориски интонираните есеи авторката ги елаборира своите гледишта за природата на книжевното дело.

Во првиот дел на книгата се сместени теориски есеи во кои Апостолоска пишува за генезата на книжевните дела, во вториот е објавен освртот за студија на најпознатото дело на рускиот теоретичар со светска слава Јуриј Лотман „Структурата на уметничкиот текст“ (првпат објавен на македонски јазик во издание на Македонска реч), додека пак во третиот дел се објавени текстови во кои се анализирани дела од македонски автори. Маја Апостолоска ги истражува и библиските аспекти во делата на Франц Кафка, а дава осврт и за делата на долго време премолчуваниот руски писател  Дмитриј С. Мерешковски.