Добрила Миловска
Ракописната традиција во македонските цркви и манастири
200 мкд
Во книгата, која е означена како прва, се претставени девет манастири во кои било создадено големо културно наследство - „Св. Јован Бигорски“, Лесновскиот „Св. Архангел Михаил“, Марковиот „Св. Димитар“, „Св. Прохор Пчињски“, „Св. Јоаким Осоговски“, „Трескавец“, „Зрзе“, „Св. Пантелејмон“ и Слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“.
Освен куси податоци за историјатот на нивното настанување, за нивните градители и возобновители, во книгата се даваат податоци за ракописите и за нивните творци, односно за посветеноста и истрајноста на пишувачите, но и на нивната предаденост на писменоста и на христијанската вера.