Маринко Митков
Јазикот како егзистенцијален модел
150 мкд
Во овој труд авторот дава одговор на прашањето: зошто јазикот како најефикасно и спознајно средство најдобро опстојува во историјата на човештвото, односно се прикажува јазикот како модел со кој ќе се моделира егзистенцијата на човекот, што е необичен потфат во досегашната теоретска практика, која досега се задоволувала повеќе со неговиот адекватен опис.
Во трудот претежно се користи материјал од македонскиот јазик. Целта, преку анализата на материјалот, а особено на топонимскиот материјал, е да се прикажат најбитните јазични промени во неговата структура (се поаѓа од системот: систем, елемент, структура, конструкција, функционално поведение) како судбински запис и на македонскиот народ.
„Јазикот е пример за најсеопфатен историски запис на егзистенцијата на човекот, пишува Маринко Митков во оваа книга. Зборот за човекот е закон, бил на почетокот и, за чесните луѓе, ќе остане... Јазикот батисува кога батисува човекот. Кога не се води конкретна грижа за конкретниот човек (со работа да си го избори своето место под Сонцето), најмалку останува време да води грижа и за својот конкретен јазик. Во борбата за леб и сол, имаме чувство, ама баш му е гајле за својот јазик и на македонскиот човек... Јазикот е огледало на животот на конкретниот човек. Во оваа книга се укажува и на опасностите за македонскиот јазик од забите на најсовремената технолизација, техникализација и глобализација на светот.“