Македоника Литера

Количествените категории во македонскиот: Од семантика кон форма

Елена Петроска
300.00 ден.

213 стр./ A5 формат (200x140)

Во трудот на Петроска предмет на проучување се количествените категории во македонскиот јазик кои ги разоткриваат јазичните средства за нивно изразување. Пристапот на разгледување на количествените категории е од семантиката кон формата.

Ваквиот начин на претставување на јазичните средства ја олеснува споредбата на македонскиот јазик со други јазици со што полесно можат да се утврдат сличностите и разликите. Претставени се формалните јазични средства кои изразуваат количествени значења, како на нивото на именската синтагма, така и на нивото на реченицата.

Целта на трудот е да придонесе во разоткривањето на некои јазични проблеми на кои не им се обрнувало многу внимание од семантички аспект, како неутрализацијата на опозицијата по број, партитивноста, дистрибутивноста, множественоста на хетерогените множества, итеративноста, а исто така и да ги претстави проблемите на согласување по број, кое се реализира „надвор од нормата“ и кое укажува на определени семантички значења (колективност, дистрибутивност).