Татјана Б. Ефтимоска
Есејот(Македонско искуство)
200.00 ден.
Книгата се занимава со одбрана на тезата дека во македонската книжевност есејот е рамноправен со другите, веќе прифатени жанрови, како расказот, романот или поемата.
„Есејот како размисла, како став – пишува авторката – му е својствен на секое мислечко битие. Писателот не е божествено предодреден за есеистичкиот запис; ниту, пак, е тоа новинарот или кој и да е автор на кого занимавањето со Зборот му е дел од професионалниот опис. Човекот (секој кој има сопствено јас) е есеист. Есејот е `некрунисан` жанр, затоа што и покрај долгите епохи развивање, тој сè уште ја бара својата форма, камелеонски прелевајќи се од една до друга. Тоа е постмодернистички жанр по самата своја еклектичка суштина, без оглед на мотивот или постапките врз кои е развиен.“