Науме Радически
200.00 ден.
300 стр./A5 формат (200x140)
(Државна награда „Гоце Делчев“, 2007)
Книгата Литературна раскрсница, која содржи огледи и критики за автори и дела од струшкиот регион, го прикажува проф. д-р Науме Радически во целосна светлина и како истражувач, и како аналитичар и критичари, и како есеист, кој задлабочено се внесува во културолошките истражувања и одговара на прашањата за елементите на поврзаноста меѓу подвигот на браќата Миладиновци и нивниот потесен географски и културен простор, правејќи пресек од околу 150 години од Миладиновци до Крсте Чачански.
Имено, токму во оваа книга се анализирани, преоткриени и реафирмирани најзначајните творци од Струга и Струшко кои имаат исклучително значајно и високо место во севкупната македонска книжевност и култура. Тоа се Димитрија Миладинов, Константин Миладинов, Војдан Чернодрински, Арсени Јовков, Анѓелко Крстиќ, Ристо Крле, Владо Малевски, Јован Стрезовски, Јован Котески и Крсте Чачански.
Во неконвенционален израз и стил за македонската книжевна наука, но со полемичен, вдахновен и критички пристап, Радически во оваа книга загатнува, поставува и разгатнува досега помалку актуализирани прашања во врска со преродбенскиот, национално вознесувачкиот и книжевновтемелувачкиот чин на споменатите автори, со силно изразена аргументација во афирмацијата на македонската традиција, книжевност и национален идентитет.