Македоника Литера

Поетиката на Григор Прличев:Стилскиот израз во Арматолос и Сердарот

Александра Ѓуркова
ПОЕТИКАТА НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ: СТИЛСКИОТ ИЗРАЗ ВО АРМАТОЛОС И СЕРДАРОТ
150.00 ден.

       Компаративната стилска анализа на двете поеми како методологија на обработка има за цел да ги посочи принципите на создавање и на ресоздавање на едно поетско дело, а спецификата – тоа што оригиналната поема е напишана на грчки ајзик, уште повеќе придонесува кон потребата од продлабочено опфаќање на повеќејазичните влијанија: хомеровски и нехомеровски во поетскиот јазик.

 

Во Македонија се создадени неколку поголеми дела што ја обработуваат оваа тема, но овој труд  е единствен по тоа што се обработува тема што досега не е сосема научно разгледана од аспект на теоријата на преводот и од стилистички аспект.

Трудот се состои од седум глави што се однесуваат на најважните компоненти на стилистичката анализа, при што одделно се обработени најприсутните и најкарактеристичните стилски фигури, и преку ваквата анализа потоа се донесуваат заклучните белешки во врска со творечкиот процес на Прличев.

За оваа книга за стилистички аспект на творештвото на Прличев, авторката во воведот пишува дека природен беше изборот на поемата Арматолос, со оглед на тоа дека за поетот тоа е првото дело со кое тој се претставува пред светот, во својата возвишеност и изразена скромност и што тој „длабоко во себе ја живее и ја преживува драмата што се случува во Арматолос. Јасно е дека инспирацијата и мотивацијата за пишување на ова дело ги наоѓа во народната традиција и пред сè во својот живот. Личниот печат што го остави Прличе во свои¬те стихови има централно значење и за неговиот живот зашто победата на конкурсот во Атина му го промени сосема животот.“