Магдалена Димчевска
Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски
300.00 ден.
Книгата на Магдалена Димчевска претставува родова студија за аспектите на телото и телесноста во романите Пиреј,Небеска Тимјановна и Тунел на Андреевски.
Интересот на авторката е насочен кон главните женски ликови, но ги разгледува и машките ликови и нивната поврзаност со женските.
Книгата „Телото и телесноста во романите наПетре М. Андреевски за првпат во македонската филологија осветлува еден сосема нов пристап кон творештвото на Петре М. Андреевски - анализата на статусот на телата и телесноста во неговите романи, тема значајна не само за современата македонска книжевна наука, туку и за нејзините интердисциплинарни врски со родовите студии.
„Исползувајќи ги теориските знаења за телото од западната интелектуална традиција, пишува проф. д-р Јасна Котеска во поговорот на книгата, но и од јужнословенските и од македонските теориски дискурси, Димчевска нуди читање на категориите пол и род, патријархат, сексуалност, традиционална и модерна женскост, мајчиното тело и номадизам кај Андреевски. Воедно, преку анализа на телата во наративниот сетинг кај Андреевски, Димчевска дава детален попис и опис на контекстуализираните тела, на телата во институциите и воопшто во просторите во кои се вдомаќинува телото: од анализа на телата во т.н. среќен простор (семејните куќи) до телата во т.н. простори на насилство, омраза и борба (телото на фронт, во затвор, логор и болница).
`Телото и телесноста во романите наПетре М. Андреевски` е квалитетен, сериозен и елабориран истражувачки труд, кој ја пополнува празнината во анализите на телото и телесноста во делото на Петре М. Андреевски, но истовремено претставува и важен придонес за родовите анализи во современата македонска филолошка наука“, пишува Котеска.