Лилјана Митковска
200.00 ден.
213 стр. / 240x170
Македонските конструкциите со рефлексивниот маркер се се разгледуваат во оваа научна монографија како различни типови на отстапувања од прототипната транзитивна ситуација, односно, како типови на дијатеза.
Одделните функции имаат поинаква распределба на партиципантите и/или нивните конституенти по синтаксичките позиции, во зависност од комуникативната цел. Тие се издвојуваат според семантичките особини на конструкцијата, кои главно зависат од улогата на партиципантот во позиција на субјект. Од синхрониска гледна точка сите овие конструкции покриваат широко семантичко поле меѓу транзитивните и интранзитивните ситуации по вертикала и меѓу активните и пасивните по хоризонтала. Во овој труд се разгледуваат врските меѓу утврдените функции и како тие преминуваат од една во друга, градејќи синџир на граматикализација.
Во вториот дел се анализира какви средства се користат во англискиот јазик за изразување на истите функции. И покрај тоа што меѓу еквивалентите има различни типови конструкции, се јавуваат одредени паралели, кои ја потврдуваат тезата за концептуалните врски меѓу функциите на се-конструкциите.