Банка на податоци или театарски архипелаг

Гордана Ивановски - Велковска

300 мкд

 

Книгата претставува селективна библиографија на богатото и разновидно творештво на Иван Ивановски – театарски критичар, театролог, поет, раскажувач, публицист... Во македонската литература првин се појавува како писател за деца, при што негови книги се вклучени во задолжителната училишна лектира, а потоа целосно и темелно се свртува кон театарската критика и театрологијата, со што станува најревносниот македонски театарски критичар и хроничар во период од шест децении. Автор е на 55 книги. Во оваа книга се објавени извадоци од литературната критиката и новинските хроники за сите негови книги (уметничка литература, театролошки и новинско-публицистички), како и други поважни библиографски податоци (награди, застапеност во енциклопедии, антологии...)