Науме Радически
Книга 1
200 мкд.
484 стр./ A5 формат (200x140)
Првата книга од „Македонски литературен потсетник“ претставува мозаична аналитичка ретроспектива на македонската литература, започнувајќи од средината на 19 век па сè до првата декада на 21 век. Содржи во најголемиот дел студии, а далеку помалку есеистички и критички прилози за маркантни персонални појави, вредности и процеси во македонската литература.
На сцената на македонската литература (како поет) и на сцената на македонската литературна наука (како критичар, есеист и проучувач на македонската литература во 19 и 20 век) Науме Радически е присутен безмалку 40 години. Во раните години повеќе како критичар, а во подоцнежните како истражувач и аналитичар, тој дава забележлив придонес во проучувањето како на актуелните појави во македонската литература, така и на автори, дела и вредности од минатиот и предминатиот век. Во десетината забележливи негови книги, во кои зафаќа теми, меѓу другото, и од литературата на Македонците настанувана на други јазици, како и од проблематиката на меѓулитературните релации во јужнословенски и словенски контекст, сега за објавување понудува книга која го означува не толку неговото враќање колку неговото посистемско свртување кон најосновните македонски литературни појави и вредности.