Македоника Литера

Круме Кепески СТАТИИ И АНАЛИЗИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Круме Кепески

СТАТИИ И АНАЛИЗИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

300 мкд

      Книгата содржи статии, говори, предавања и разработени јазични прашања, што се однесуваат на општите согледувања на развојот на македонскиот јазик и

      за одделни јазични прашања; на методиката на наставата за македонскиот јазик; и на лексиката на македонскиот јазик.

Овие трудови на Кепески во најголем дел овде првпат се објавени и се исклучително значајни од лингвистички и културолошки аспект поради фактот што тој е авторот на првата Македонска граматика, основоположник на граматичарската дејност во Република Македонија и најплодниот автор со дури педесетината изданија на граматики на македонскиот јазик наменети за образованието. Трудовите на Круме Кепески го одбележуваат и развојниот пат на македонскиот литературен јазик.