Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
250 мкд
Книгата се однесува на еден специфичен теориски проблем, кој припаѓа на тесно стручните научни истражувања, која првенствено е интересна за истражувачите од областа на литературната наука, но и за научниците од сродните подрачја и дисциплини. Ова истражување, кое, и покрај теориската апаратура и методологија со која се служи, првенствено ги изложува и објаснува оние делови од Бахтиновата теорија, кои досега не биле предмет на подетална анализа во македонската наука.
Во поговорот рецензентот акад. д-р Катица Ќулавкова пишува:
„Книгата Бахтин и стилското разногласие во македонската литература од Искра Тасевска Хаџи-Бошкова претставува добар показ за тоа како се комбинираат теориските артикулации на книжевните проблеми со интерпретативно-херменевтичките обрасци, применети врз конкретни книжевни дела, традиции и конвенции. Таа е акрибичен приказ на Бахтиновиот поимски комплекс, поврзан со хетероглосијата или туѓиот говор, но и показател за можностите што една методолошка парадигма од почетокот на XX век им ги пружа на новите рецепции и толкувања на книжевноста, било таа да има историска или современа провиниенција. Книгата го покажува широкиот дијапазон на бахтиновската епистемолошка матрица: од античката, преку ренесансната, усно-народната, до модернистичката и постмодернистичката книжевна практика. Примерите од македонската книжевност, земени од период од два века се, од една страна, потврда за актуелноста и релевантноста на Бахтиновата теориско-методолошка парадигма за книжевноста, а, од друга страна, ја покажуваат македонската книжевност како творечка и јазична матрица/ризница, податлива за толкување на феноменологијата на книжевноста.“