Михајло Георгиевски
250 мкд
Со транслитериран текст и истовремено во факсимили во книгата се објавени четири стари македонски писмовници: Слепченскиот, кој потекнува од 16 век, писмовниците на Христе Хаџи Константинович од Прилеп, Арсениј Поп Стефанович и на проигуменот Леонтиј Хиландарски – трите од 19 век.
Писмовниците претставуваат книги – зборници со обрасци за пишување писма по разни поводи, создадени од црковни или световни лица. Познати се и под името епистолари. Епистоларната литература има долга и стара традиција. Таа се зародува во Византија, а од таму се проширува и во словенските земји.
Засега како најстар и најзначаен македонски писмовник е Слепченскиот писмовник од средината на 16 век. Тој е напишан во Слепченскиот манастир – Демирхисарско, а се чува во Државната библиотека во Москва.
Во Република Македонија денес се чуваат три писмовници од 19 век, и тоа: Писмовникот на Христе Хаџи Константинович учител прилепски од град Прилеп Македонија од 1824 година, Писмовникот на Арсениј Поп Стефанович од 1844 година и Писмовникот на проигуменот Леонтиј Хиландарски од почетокот на 19 век.