Снежана Филипова
400 мкд
Книгата содржи стручни и научни сознанија и анализи од областа на историјата на уметноста, фокусирани врз хералдиката во средновековните уметности и археолошките наоди откриени во последните години во Македонија.
Овој труд дава значаен придонес во афирмирањето на македонското уметничко и интелектуално наследство. Во ова издание се шест значајни научни трудови кои третираат процеси, како и case studies во историјата на уметноста на средновековна Македонија на синтетичен и компаративен начин.
Откривањето на најстарите хералдички грбови од 12 век од Св. Пантелејмон во Нерези и нивно детално интерпретирање како и разоткривањето на портретите на Комненовската династија во ликот на светите воини, е голем придонес на авторката за поместување на датирањето на најстарите грбови во Европа, односно воведување на Македонија во светската мапа на хералдички земји, а не како досега во земји со фиктивни и фантастични грбови од грбовници измислени за нечии потреби за здобивање со повисока титула.
Книгата е богато илустрирана и е целосно отпечатена во боја.