Совети и раскази од Кекавмен

Јован Белчовски

300 мкд

      Книгата „Совети и раскази“ – чиј автор е Кекавмен, е пишувана од 1075 до 1078 година, и претставува една вистинска слика на општествено-политичките и економските состојби во Империјата во XI и XII век.

      Авторот пишува за многу области од животот – за состојбите во градовите, политичките и идејните борби меѓу странките, посебно помеѓу аристократијата од престолнината и провинциската воена класа – кои се во постојани конфликти. Кекавмен е насочен кон еден широк дијапазон од најразновидна животна проблематика: државата, битот, нормите, моралот и обичаите, семејните односи, правниот живот, службите, домаќинството, војните и востанијата, црквата и религијата, суеверијата и воопшто нивото на културата во епохата. Кон сите тие животни области авторот има свои погледи и дава свој суд. Животот во семејството е прикажан во сите негови нијанси и сегменти. Самиот полковник и внук на полковници, Кекавмен имал големо познавање за воената проблематика, за составот на армијата, начинот на војување, одбраната на крепостите, опремата и вооружувањето на војската, опсадните орудија итн.

      Ракописот бил напишан во Трапезунт – на јужните брегови на Црното Море. Оттаму бил однесен во манастирот Ивирон на Св. Гора и таму го пронашол рускиот учен Арсениј Суханов. Тој го однесол во Москва и денес се наоѓа во Патријаршиската библиотека. Тоа е единствениот познат сочуван ракопис, а претставува прв или втор препис од оригиналот.

      Во ова издание се објавени оригиналната верзија и преводот на проф. д-р Јован Белчовски, кој како вовед приложува обемна студија во која пишува за тогашната општествено-политичка констелација, за авторот, неговите користени извори, за содржината на ракописот на Кекавмен, како и за неговите истражувачи.

      Нарачај