Владимир Ј. Проп
350 мкд
193 стр. /A5 формат (200x140)
„Морфологија на сказната“ е мала според обемот, но велелепна книга според влијанието што го имаше врз светската научна мисла. Таа е со статус на една од најпопуларните книги во светската фолклористика, а Е. М. Мелетински рекол дека е книга која одела пред своето време и книга на која времето не ѝ одзело ништо од нејзиниот сјај и значење.
Го носи и квалификативот „револуционерна“ – се јавува како предвесник на структурално-типолошките истражувања, коишто во западните земји се појавија дури три децении по појавата на овој фундаментален труд на Проп. Оттогаш станува незаобиколна појдовна точка за сите натамошни истражувања во фолклористиката и едно од клучните фолклористички дела на 20 век.