Пламен Тотев
250 ден.
184 стр. / A5 формат (200 x 140)
Кои се главните карактеристики на класичните епохи и книжевните трендови од антиката до денес? Кои се иконите автори и дела што се задолжителни за секој читател? Кои се доминантните теми и прашања? Одговорите на овие прашања се бараат во книгата на Пламен Тотев.
Книгата фрла светлина врз историскиот развој на античката и европската литература, давајќи упатства - кој е кој и каде е во книжевно-историскиот процес, кои се моделите во развојот на големата светска литература, кои се закономерностите
во развојот на големите светски литератури низ вековите, кои се најважните особености на класичните епохи и правци од древноста до денес.
Освен информациите за главните литературни епохи и правци од антиката и ренесансата до модернизмот, книгата вклучува и анализи на класични дела како што се „Илијада“ на Хомер, „Цар Едип“ на Софокле, „Подвизите на Александар“ на Калистен (Псевдо-Калистен), „Робинсон Крусо“ на Д. Дефо, „Грофот Монте Кристо“ на А. Дима, „Чичко Горио“ и „Изгубени илузии“ на О. де Балзак, „Црвено и црно“ на Стендал, „Ругон-Макарови“ од Е. Зола, „Бел Ами“ на Ги де Мопасан, „Големите
надежи“ на Дикенс, „Панаѓур на суетата“ на В. М. Текери, „Злосторство и казна“ на Достоевски...
Напишана разбирливо и читливо, книгата придонесува за популаризација на врвната светска литературна класица кај широк круг читатели.