Нина Анастасова Шкрињариќ
Триножникоте на Цепенков и каучот на Фројд
(психоаналитички концепти во сказните)
300.00 ден.
„Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд (психоаналитички концепти во сказните)“ е книга која нуди еден поинаков „клуч“ за читање и разбирање на сказните.
Во прашање е базичен осврт кон психоаналитичката интерпретација на сказните и нивното длабинско-психолошко (архетипско) толкување. Трудот е изведен како своевидна психоаналитичка дискусија во која главниот збор го имаат двете водечки имиња од старата „гарда“ психоаналитичари – генијалниот Сигмунд Фројд и брилијантниот Карл Густав Јунг, а се повикува и на „медијаторството“ на Бруно Бетелхајм, кој ги дава најдрагоцените согледби за значењето на сказните за детската психа.
„Дали сказните со сурови и аморални секвенци (морбидните сцени на сакатење, канибализам, инцест, морничави убиства) може да ја повредат нежната детска психа? Дали се опасна и непедагошка лектира? Треба ли да се „прохибираат“ сказните коишто сатанизираат и во кои има аморалност, суровост и садизам?
Оваа книга им е посветена на тие дилеми.