Македоника Литера

Историските корени на волшебната приказна

Владимир Јаковлевич Проп

Историските корени на волшебната приказна

400 мкд

464 стр., 200 х 140 мм, 2011 г.

     Од морфолошкиот опис на сказните во Морфологија на сказната, во оваа книга Проп преминува кон објаснување на историските причини за нивната појава, кои треба да се побараат во раната историја или праисторијата, на стадиумот на развиток на човековото општество којшто го проучуваат етнографијата, етнологијата, антропологијата и други дисциплини.

      Во Историските корени на волшебната приказна, со помош на богата фолклорно-етнографска граѓа, Проп ја доведува сказната како жанр во најтесна врска со култот и религијата (со обредот и митот), вршејќи исклучително впечатливи ритуално-митолошки и социоантрополошки реконструкции на сказничните мотиви. Книгата изобилува со впечатливи студии на одделни приказнични мотиви, кои Проп ги смета за општествено обусловени и историски засновани, дури и антрополошки документирани.

      Владимир Јаковлевич Проп (1895-1970) е истакнат руски фолклорист и структуралист. Студирал на Историско-филолошкиот факултет во Петроград, а по завршувањето на студиите работел како наставник по германски јазик. Во дваесеттите години учествувал во работата на повеќе научни установи во Петроград (Комисијата за народни приказни на Руското географско друштво; Институтот за историја на уметноста; Институтот за култура на говор и др.) каде ги објавува првите научни трудови. Во 1932 год. почнува да работи на Ленинградскиот универзитет, а со професура се занимава од 1938 год. Покрај двете најзначајни книги: Морфологија на сказната (1928) и Историски корени на волшебната приказна (1946), Проп ги објавил и делата: Руски јуначки еп (1955) и Руски аграрни празници (1963), а посмртно е отпечатена...

Музиката и неискажливото

Владимир Јанкелевич

МУЗИКАТА И НЕИСКАЖЛИВОТО 

150 мкд 

      „Што е музиката? Се прашува Габриел Форе во потрага на ’непреведливото‘, од премногу нереалната химера која нè издига ’над сè што е таа...‘ Тоа е времето кога ја планираше и ја најави својата прва изведба на неговиот прв Квинтет, и не знае што е музиката, ни тоа дали таа е нешто!

      Во музиката има една двојна компликација, генератор, придвижувач на проблемите на метафизиката и моралните проблеми за да може...

Морфологија на сказната

Владимир Ј. Проп

350 мкд

193 стр. /A5 формат (200x140)

      „Морфологија на сказната“ е мала според обемот, но велелепна книга според влијанието што го имаше врз светската научна мисла. Таа е со статус на една од најпопуларните книги во светската фолклористика, а Е. М. Мелетински рекол дека е книга која одела пред своето време и книга на која времето не ѝ одзело ништо од нејзиниот сјај и значење.

      Го носи и квалификативот „револуционерна“...

Структурата на уметничкиот текст

Јуриј М. Лотман

СТРУКТУРАТА НА УМЕТНИЧКИОТ ТЕКСТ

- Брош 250 мкд
- Тврд повез 350 мкд

486 стр., 200 х 140 мм, 2005 г.

      „Структурата на уметничкиот текст“ е најзначајното дело на Јуриј М. Лотман, во кое тој маестрално ја изложува основната идеја за уметничкото дело кое содржи сознајба (уметничкото дело е „модел на стварноста“) и комуникативна функција (уметничкото дело е „знак“). Книжевно-научните трудови на Лотман, а посебно ова дело, ги урнаа спекулациите дека естетскиот ефект е...

Принципите на современата реторика

Јуриј В. Рождественски

200 ден.

180 стр. / A5 формат (200 x 140 мм)


        „Принципите на современата реторика“ од рускиот научник – лингвистот и културолог Јуриј В. Рождественски, е респектабилно дело создадено како резултат на истражувањата на теоријата на културата и на современата научна реторика, што ги вршел еминентниот професор Рождественски последните две децении на минатиот век на Катедрата по споредбено-историска и општа лингвистика на Московскиот државен универзитет „М. В...