Македоника Литера

„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ ДЕЛ ОД КИНЕСКАТА КАМПАЊА „ЧИТАЈТЕ КНИГИ НА ИНТЕРНЕТ“

   

     „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ ДЕЛ ОД КИНЕСКАТА КАМПАЊА „ЧИТАЈТЕ КНИГИ НА ИНТЕРНЕТ“

  На годинашниот Светскиот ден на книгата и на читањето – 23 април, кинеската глобална медиумска корпорација Кинеска интернационална издавачка група
(ЦИПГ), започна кампања „Читајте книги на Интернет“. Кампањата ја
спроведуваат седумте издавачи кои работат во рамките на групацијата ЦИПГ, со
тоа што избраа по еден партнер од странство, за двојазично читање на исти
извадоци од книги.

Еден од тие седум издавачи е „Делфин букс“, со кого
соработува „Македоника литера“ и со кого копродукциски веќе издадоа 13 тома од
едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. „Делфин букс“ за партнер ја
избра „Македоника литера“. Кампањата започна со читање на исти извадоци од
страна на првите луѓе на издавачките куќи. Извадок од книгата на познатиот
кинески писател Џанг Ќиушенг „Приказни големи колку дланка“ (која е дел од
едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“) читаше директорот на
„Македоника литера“ Нове Цветаноски, а на кинески јазик претседателот на
„Делфин букс“ Ванг Леи. За време на настанот, со претседателите на кинеските
издавачки куќи, учествуваа и првите луѓе на издавачки куќи од Полска, Белорусија,
Либан, Јапонија , Перу, Македонија и Шпанија.Инаку, ЦИПГ ќе биде домаќин на првиот „Кинески меѓународен е-саем закниги“ во средината на јули годинава. 

    Саемот на книгата ќе биде претставен во 3Дтехнологија за виртуелна реалност, високо прикажувајќи ги физички книги како присутни, и создавајќи платформа за прикажување што...

„MAKЕДОНИКА ЛИТЕРА" НА МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА КНИГАТА ВО КИНА И ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА „ЧИТАЈТЕ КНИГИ НА ИНТЕРНЕТ“

Mакедоника литера" на  семинар за меѓународно издаваштво и дел од кинеската кампања „ Читајте книги на интернет"

   Во понеделник (11 мај), во Пекинг, Народна Република Кина, во организација на
Кинеската меѓународна издавачка групација (ЦИПГ), ќе се одржи меѓународен е-семинар, на кој освен менаџери на групацијата и на кинески издавачи, ќе учествуваат и менаџери на
издавачки куќи од десетина земји со кои...

E-САЕМ НА КНИГАТА НА „MAKEДОНИКА ЛИТЕРА"

   E-саем на книгата на „Maкедоника литера"


   Во периодот од 22 мај до 26 мај 2020 година, „Maкедоника литера" организира е-саем на книгата.  Компетниот САЕМСКИ ЦЕНОВНИК е достапен на www.makedonikalitera.mk, ДИРЕКТЕН ЛИНК https://cutt.ly/IyUT44g 

      ЗА НАРАЧКИ ВО ИЗНОС НАД 900 ДЕНАРИ, ДОСТАВАТА Е БЕСПЛАТНА!!! За нарачки над 2.000 денари, следува дополнителен попуст. Содржината на книгите може да се разгледа на...

„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА" НА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ВИРТУЕЛЕН САЕМ НА КНИГАТА ВО КИНА

    Од утре (24 јули) до 31 јули, во Кина ќе се одржи Првиот меѓународен виртуелен саем на книгата, на кој ќе учествува и „Македоника литера“. Во услови на актуелната пандемија во светот, ова е прв ваков меѓународен настан во светот, а го организира глобалната кинеска медиумска корпорација Кинеска интернационална издавачка група (ЦИПГ).
    Саемот на книгата ќе биде претставен во 3Д технологија за виртуелна реалност, високо прикажувајќи ги физичките книги...

НАСКОРО! ЛЕТНА АКЦИЈА НА СТО КНИГИ ЗА МАКЕДОНИЈА

  Наскоро! Летна акција на сто книги за Македонија

   Сто книги за Македонија од областа на историографијата, културната историја, културолошките истражувања, книжевните студии, белетристиката.. ќе бидат намалени и ќе може да се купат со 20% попуст во периодот од 1 август до 10 август 2020 година. Комплетниот список на книги со нивните редовни цени, на кои се пресметува 20% попуст, може да се разгледа на овој ЛИНК.