Македоника Литера

Пеликанот

Аугуст Стриндберг
ПЕЛИКАНОТ
150.00 ден.

       „Пеликанот“ е едночинка која има необична логика и визионерска фантастична сила и која потсетува на драмски дела со мотиви од митовите и бајките. Но намерата на Стриндберг не била да ја поетизира или романтизира егзистенцијата

 како во драмите со мотиви од бајките и приказните... Насловот на оваа пиеса произлегува од претстава во времето на Стриндберг, дека пеликанот им давал на своите младенчиња да цицаат крв. Стриндберг го превртува поимот и ја прави Мајката како искористувач што ги занемарува своите деца. Пиесата е пишувана од перспектива на децата. „Пеликанот“ е натуралистичка, експресионистичка и апсурдна драма, која ретко се игра во Шведска, но е една од најпоставуваните пиеси на Стриндберг во светот.

Чалик чамак

Трајче Кацаров

150 ден.
(избор драми)

   Во книгата со пиеси Чалик чамак на Трајче Кацаров се објавени шест пиеси, кои се веќе изведени на театарските сцени во Македонија или надвор од неа: „Гард“, „Чалик чамак“, „Дефект“, „Војдан“, „Дворно место“ и „Долго доаѓање на петлите“.

   На пиесите им претходи пролог, кој е и своевидно творечко кредо на авторот, а објавен е и поговор на Мишел Павловски. Драмите на Трајче Кацаров, собрани во книгава, пред...

Игра на соништата

Аугуст Стриндберг

150 мкд 

111 стр./ A5 формат (200x140)

 

„Дете на мојата најголема болка“, ќе напише Стриндберг за својата драма „Игра на соништата“, во која низ призмата на сопствениот бурен живот, се обидува да толкува што значи да се биде човечко суштество. Драмата е базирана врз фантастични мотиви од сказните за ќерката на богот Индра, која од небото се спушта на земјата за да дознае како живеат луѓето. Го среќава Поетот, кој станува нејзин водич и гласноговорник на луѓето. Тие...

Сказна за чучулигата

Томе Богдановски

250 мкд

      „Сказна за чучулигата“ содржи драми, монодрами и радиодрами за возрасни читатели. Повеќето од нив претходно се наградени или откупени на анонимни конкурси.

       Карактеристично за драмските текстови на Богдановски е тоа што тој пишува приказни со цврста драма­туршка структура; со динамичен или драматичен тек, и со одмерен и ефективен дијалог. Дејството во секој текст е предадено со потребната внатрешна и надворешна конфликтност, како негова движечка...

Тврдина

Сашо Огненовски

150 мкд.

132 стр./ A5 формат (200x140)

      „Двете пиеси во ова книга на актерот Сашо Огненовски, кој од неодамна е и драмски автор, носат едно ново театар­ско возбудување, еден стил кој е интересен и загадочен, теми кои постојано загатнуваат нови прашања и доста комплексни ликови кои носат компактни и органични дејствија.

      И двете пиеси („Тага“ и „Тврдина“) имаат сосема различен третман на проблематиката со која се занимаваат. Едната од нив е конципирана на...