Македоника Литера

Домот на куклата (Нора)

Хенрик Ибзен

200 мкд.

108 стр./ A5 формат (200x140)

      Драма, исклучително смела во третманот на жената како сопруга и мајка во семејството. Жестока критика до општеството со силна порака за индивидуалната слобода.

      „Домот на куклата“, позната и како „Нора“, е  пиеса со извонредна драматуршка конструкција и е најчесто поставуваната драма на Ибзен. За времето кога се појавила била исклучително смела во третманот на жената во општеството и семејството и во контекстот на цврстите морални норми, што предизвикала многу полемики, но и восхит. Ова дело на Ибзен се појавило во 1879 година, во времето на револуции и општествени промени, кога се појавува и движењето за рамноправноста на жената. Токму оваа драма во тоа време предизивикала бура од реакции, преку приказната за жената која е сопруга и мајка, но која пред сё сака да биде слободна жена. Преку неа Ибзен внесува нова поетика и естетика во драмската литература, врз која се темели една нова ера на драмската уметност во Европа и во светот. Во неа тој ги внесува елементите на модерната драма, создава динамичен дијалог, кој уште подинамично ги зацврстува психолошките конструкции на ликовите. Оваа драма молневито ја освоила Европа и сё уште не се симнува од театарските сцени во светот.

      Нарачај

Народен непријател

Хенрик Ибзен

200 мкд

      Во оваа драма Ибзен го критикува не само конзерватизмот на општеството, туку и либерализмот на времето. Основната порака во ова дело е дека човекот, кога останува сам, сё повеќе е во право: „Најсилен човек во светот е оној кој е – сам!“.

      Нарачај

Игра на соништата

Аугуст Стриндберг

150 мкд 

111 стр./ A5 формат (200x140)

 

„Дете на мојата најголема болка“, ќе напише Стриндберг за својата драма „Игра на соништата“, во која низ призмата на сопствениот бурен живот, се обидува да толкува што значи да се биде човечко суштество. Драмата е базирана врз фантастични мотиви од сказните за ќерката на богот Индра, која од небото се спушта на земјата за да дознае како живеат луѓето. Го среќава Поетот, кој станува нејзин водич и гласноговорник на луѓето. Тие...

Џон Габриел Боркман


Хенрик Ибзен

150 мкд.

90 стр./ A5 формат (200x140)

      Приказната на Ибзен за Џон Габриел Боркман е приказна за подемот и падот на еден човек, шпекулативен банкар.

      Тоа е драмски портрет за човек опседнат и возбуден од парите со кои може да се освои светот. За него парите се сила што постои надвор од човечкиот ред и човечките закони, со која се гази љубовта и која остава жртви зад себе, но и причина за разорување, уништување и осиромашување на човечкиот живот. Парите лесно носат...

Дивата патка

Хенрик Ибзен

200 мкд.

117 стр./ A5 формат (200x140)

      „Дивата патка“ им припаѓа на драмите на Ибзен кои му се посветени на социјалното и моралното безредие.

      Ова е драма за социјално разорените семејства, за фаталноста, расипаноста, подлоста, измамата и малограѓанштината, но и за семејната топлина, љубовта, разбирањето и сочувството. Драмата е напишана со мајсторство во драмската конструкција, со суптилна и длабока претстава на ликовите и состојбите и со префинет лиризам. Ги...