Македоника Литера

Баш сум хепи!

Сања Пилиќ

200 ден.

118 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

Сања Пилиќ во својата проза посебно сочувствува со девојчињата и момчињата во пубертетот. Нејзините раскази и романи започнуваат без долги воведи и доминираат нефор­мални, хумористични дијалози. Таа создава мост на разбира­ње меѓу возрасните и децата, почитувајќи ги и двете воз­расти. Нејзиниот вокабулар е разговорен, а речениците ѝ се куси и исполнети со ведрина. Чувствата отворено се изразу­ваат, а чест е внатрешниот монолог. Таа сака ненадејни и импресивни моменти и има својот уникатен стил, кој е многу препознатлив за неа

„Баш сум хепи!" е збирка раскази за деца од помлада училишна возраст, за оние кои се пред прагот на тинејџер­ската возраст. Сања Пилиќ во „Баш сам хепи!“ носи низа искуства од животот на децата на духовит, луциден и забавен начин. Дискретно поучна, оваа книга ги истакнува сите важни работи што едно дете на таа возраст треба да ги знае: важноста на учењето, пријателството, одговорниот однос кон себе и кон другите, но и важноста на играта и забавата.

Раскажани во прво лице, тие содржат динамика, љубо­пит­ност, радосни мисли, забава, мечтаење, возбуда и многу повеќе од ковчежето на ведрината што го има авторката. Во некои раскази поцрвенуваат ушите од заљубеност, а на некои наеднаш им се појавуваат три мозолчиња на носот. Но има уште необични и интересни моменти. А сите раскази се одне­суваат на растењето, зреењето и раѓањето на симпатиите.

Превод од хрватски јазик: Ленче Тосева, Славчо Пеев

 

Тајни незнајни

Киро Донев

200 ден.

116 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.

„Тајни незнајни“ содржи седумдесетина стихувани и римувани прозни текстови, поделени во четири циклуси. Првиот циклус, со наслов „Азбучна криенка“, е посветен на македонската азбука, при што за секоја буква од македонската кирилица има куса песна, придружена со соодветен цртеж. Во оваа т.н. букварка, најмладите читатели, преку игра на зборови и асоцијации, се поведуваат во учењето на буквите.
...

Детето на ветрот

Ванг Ѓунсин

250 ден.

172 стр., 200 х 140 мм, 2022

„Детето на ветрот“ е дело на фантазијата што го раскажува магичниот живот на Бенбен во долината „Сребрена Трева“. Со интересни ликови, со топол и нежен тон, убаво напишана и со бујна имагинација, оваа книга гради бајковит свет на убавина, добрина и чистота. Бенбен е дете на ветрот. Бенбен може да го разбере јазикот на животните, да комуницира со самовили; патува наоколу со мајка му – ветер, ја решава кризата на една земја и спасува животи на...

Децата во мобилниот телефон

Џоу Син

250 ден.

174 стр., 200 х 140 мм, 2022

„Децата во мобилниот телефон“ опфаќа современа тема и проблеми предизвикани од технолошкиот развој кои се случиле во најново време. Малата Шун мисли дека нејзините родители се неодговорни. Тие се препуштени на игрите на телефон и таа мисли дека тие повеќе го сакаат телефонот од сопственото дете. На својот роденден, малото девојче посакува да влезе во нејзиниот „непријател“ за нејзините родители да поминуваат повеќе време со неа. Еден ден, желбата...

Ќерката на Огнениот Император

Кинески народни приказни

200 ден.

56 стр., 230 х 170, 2022

Серија со сликовници со кинески народни приказни. Серијата содржи пет познати и репрезентативни кинески класични приказни, и тоа: „Говедарот и Ткајачката“, „Легендата за Неџа“, „Ќерката на Огнениот Император“, „Лотосовиот фенер“ и „Пангу ги создава земјата и небото“. Прераскажани се од Френсис Жерар (Англија), илустрирани се со оригинални илустрации од познати кинески ликовни уметници: Ванг Веиџи, Ли Хаијан и Ју Ѓун.

...