Македоника Литера

Приказни од мојот крај

Киро Донев

200 ден.

84 стр., 200 х 140 мм, 2025

Книгата содржи 18 авторизирани и авторски приказни раскажани врз основа на легенди, митови и преданија за познати места во Македонија. Некои од приказните се чиста и оригинална уметничка конструкција произлезена од имагинацијата на авторот.
Во оваа книга Киро Донев на свој начин раскажува приказни за Беласица, Смоларските Водопади, Колешинските Водопади, мокринските извори, Моноспитовското Блато, самовилите во Габрово, Кралот Марко, Дојрана, Преспана, Пелистер, Попова Шапка, Еленов мост, Радин мост, Говедар Камен, Мечкин Камен, Охрид, Галичица, Трпејца, Тиквеш, Матка...
Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиески, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици и тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.
Киро Донев пишува и ТВ и радиодрами, текстови за сликовници за најмладите, сценарија за играни ТВ серии, составил неколку антологии... Повеќепати е наградуван, а највисоки признанија од областа на литературата му се наградата „Ванчо Николески“, доделена од Друштвото на писателите на Македонија, „Гоцева повелба“ на манифестацијата „Гоцеви денови“, наградата „Мала вила“ на 21 Меѓународен детски фестивал „Везени мост“ во Тузла, Босна и Херцеговина. Дел од неговото творештво, претежно романи, се преведени на турски, српски/хрватски/босански...

Дневникот од штрковото гнездо

Киро Донев

 

250 ден.

164 стр., 200 х 140 мм, 2024

 

Роман за деца на Киро Донев со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев.

Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и...

Мојот татко спие со ангелите (мал воен дневник)

Стјепан Томаш

200 ден.

148 стр., 200 х 140 мм, 2024

 

Романот „Мојот татко спие со ангелите“ првпат е објавен во 1992 година. Потоа Стјепан Томаш ја продолжи приказната и напиша уште два дела и како проширено издание беше објавен со наслов „Мал воен дневник“ (1994). Но во наредните изданија (од 1997) беше публикуван како „Мојот татко спие со ангелите (мал воен дневник)“ и досега има 15 изданија на хрватски јазик. Книгата е популарна кај младите читатели во Хрватска и е задолжителна лектира...

Леон во Стаклената Гора

Жарко Милениќ

200 ден.

146 стр., 200 х 140 мм, 2024

 

Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интере­сира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи...

Добар ден, тато

Стјепан Томаш

200 ден.

144 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

Емотивен роман за едно тринаесетгодишно момче, кое, откако дознава дека е посвоено, добива голема желба да ги запознае биолошките родители. На патот до таа вистина, соочувајќи се со светот на возрасните каде што владеат некои нови, посурови и понечувствителни односи и борејќи се со училишните проблеми, првите тинејџерски љубови, односите со другарите - момчето брзо созрева.

„Добар ден, тато“...