Македоника Литера

Дарко во зоо паркот

 Киро Донев

 200 мкд

 152 стр. /A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

    „Дарко во зоо паркот“ е поделена во два дела, во првиот – „Дарко во зоо паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени се преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој начин Киро Донев ги потенцира хуманите односи меѓу човекот и животните.
    Вториот дел на книгата е насловен со „Приказни за годишните времиња“. Објавени се триесетина текстови кои се однесуваат на четирите годишни времиња, но во сите нив основната тема се животните и природата.

    Киро Донев е познат и широко прифатен од младите читатели по инвентивниот хумор и ведрината во неговото творештво, а тоа е присутно и во оваа книга. Иако се наменети за помлада целна група на читатели, неговиот препознатлив хумор ја брише границата меѓу хуморот наменет за најмладите и за возрасните читатели.

   Нарачај

Тоње Глимердал

  Марија Пар

  300 мкд

   228 стр., 200 х 140 мм, 2017 г.

   Ова е роман на новата Астрид Линдгрен.

   Палавото девојче Тоње Глимердал - `фуријата на Глимердален` е новата Попи Долгиот Чорап.
Во овој роман децата никогаш не се виновни, секогаш се во право и многу често се покажуваат помудри од возрасните.
 
    Ново ремек-дело за млади од скандинавската литература!

    Нарачај

Собрани дела том 1: Дивата убавица

  Горан Б. Стојаноски

  300 мкд

   340 стр., 200 х 140 мм, 2015

  Првиот том од собраните дела ги содржи трите романи – сказни: Дивата убавица, Вилар и Доживувањата на Геге супер Геге.

    Во сказните на Горан Б. Стојаноски се раскажани необични доживувања на малечките јунаци кои може да се појават во детската фантазија и претставуваат персонификација на современите мали итроманчиња, необични а секојдневни јуначиња. Горан раскажал интересни приказни, но неговите приказни имаат и едукативна...

Собрани дела том.2: Џуџести и други необични приказни

  Горан Б. Стојаноски

 300 мкд

  326 стр., 200 х 140 мм, 2015    

   Вториот том ги содржи трите книги на Стојаноски кои содржат по триесет до четириесет помали сказни, а тоа се Џуџести сказни, Трпкавица в ногавица и Шумски сказни. На крајот на вториот том е објавен и поговор за сите дела од Горјан Петревски, а книгите се илустрирани со цртежи.

     Горан Б. Стојаноски на умешен и ненаметлив начин проникнува во...

Божјиот фенер на морето (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Донг Хонгјоу

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

230 стр./ A5 формат (200x140)

     Донг Хонгјоу (роден во 1950 година), првин работел како учител по кинески јазик во нижо средно училиште во рурална средина, а подоцна и како уредник во литературно списание. Таквите работи му помогнале да го запознае подобро светот на децата и уште повеќе да им се посвети. Неговите најпознати дела се: Сто соништа на кинеските деца (роман), Шума стара четиринаесет години (роман), Планинскиот дух (научна...