Македоника Литера

Руски народни приказни

300 мкд

 204 стр., А5 (200 х 140 мм), 2015    

  Овој избор содржи 31 познати руски народни приказни, првенствено фантастични приказни, басни и битови приказни.

    Светот на руските народни приказни е необичен и прекрасен, а при секоја средба со него впечатливи се волшебните фантазии на народниот раскажувач. Тие го воодушевуваат читателот – љубител на народните приказни, без оглед на возраста, младиот читател го учат на чесност и добрина, ја поттикнуваат мечтата, а со својата едукативност ја истакнуваат страната на доброто. За руските народни приказни е карактеристично што со векови е негувана традиција на прераскажување од многумина познати собирачи, фолклористи и писатели.

      Книгата е богато илустрирана со цртежи со мотиви од руските народни приказни.

 

Шведски народни приказни

200 мкд

148 стр., 200 х 140 мм, 2014

Прочитај извадок

 Книгата „Шведски народни приказни“, претставува репрезентативен избор на народни приказни од оваа нордиска земји, карактеристична со својата митологија и историја.

      Како во сите национални приказни, така и овде може да се препознаат некои мотиви од приказни на други земји, сите приказни сепак имаат свои специјални белези на шведската традиција и народно творештво.

...

Просјакот Лука

Аугуст Шеноа

200 мкд

178 стр., 200 х 140 мм, 2015

Прочитај извадок

   „Просјакот Лука“ (1879) е едно од најдобрите дела на највлијателниот и најплодниот хрватски писател од 19 век, Аугуст Шеноа. Првиот вистински хрватски романописец во ова дело се интересира за малите човечки судбини и мајсторски ги претставува општествените слоеви и состојби на своето време – третирајќи ги моралните односи меѓу социјалните слоеви и односите меѓу селото и градот.

...

Време на тивки разговори

Ан-Лиз Гробети

150 мкд

 60 стр., 200 х 140 мм, 2015

   Новелата за млади и возрасни „Време на тивки разговори“ (2001) е поетска проза за пријателството. Делото претставува ретроспективен опис на минатото, каде што нацизмот воопшто не е директно споменат, но е осудуван преку слики, метафори и со атмосферата што постепено станува сè потешка. Приказната ги нагласува улогата на јазикот и неговата манипулација што води до нетолерантност и до неприфатливост. Делото нуди интересна дихотомија меѓу...

Умееш ли да свиркаш, Јохана?

Улф Старк

Ана Хеглунд

200 мкд

58 стр., 200 х 140 мм, 2014

Печатена целосно во боја.     

  Едниот од двата главни лика во приказната, исто така, се вика Улф. Неговиот другар Бера посакува да има дедо. Ама Улф не е Улф ако не е голем другар, па за среќа на својот другар, знае каде може да најде дедо. Го најдоа најдобриот. Дедо, кој го направи најубавиот летачки змеј. И, кој умееше да свирка – нешто што Бера, најмногу од сè, посакува да научи.

...