Македоника Литера

Приказни за добра ноќ од цел свет

раскажани од Киро Донев

второ издание

400 ден.

214 стр., 200 х 140 мм, 2026 г.

 

Книгата содржи избрани народни приказни од земјите и народите од сите меридијани на Земјината топка. Нив ги раскажувале луѓето, со години, со децении, со векови, оделе од колено на колено, сѐ дури не се нашол некој да ги запише, за да состанат до денешен ден, и ете, да се најдат и меѓу кориците на оваа книга, и натаму да се читаат и раскажуваат. Приказните во оваа книга се адаптирани за младиот македонски читател. Тоа значи дека тие се авторизирани и раскажани „по мерка“ на приредувачот Киро Донев. Тој настојувал да опфати што поинтересни и понепознати приказни од што повеќе народни во светот.

Во предговорот Киро Донев пишува:

Во книгава, драг читателу, меѓу другите, ќе сретнеш и приказни посветени исклучиво на животните. Проучувачи­те и истражувачите на нашето и на светското народно творештво, едногласни се со мислењето дека приказните за животните се најстар вид приказни. Дека потекнуваат уште од времето на дивјаштвото. И дека тие приказни, басните и пословиците за животните, се и најбројни. Тоа и не е толку чудно, ако се знае дека досега се проучени, опишани и регистрирани околу два милиона од постојните животни и околу 100.000 изумрени (фосилни) животни.

Набљудувајќи ги животните, човекот отсекогаш барал сличност во животинскиот свет. Така дошол до заклучокот дека некои нивни карактерни особини, изглед и однесува­ње треба на некој начин да се нагласат. Така настанале и многубројните басни и пословици за нив.

Приказни од куќичката на дрво

Киро Донев

250 мкд 

188 стр./ A5 формат (200x140)

„Приказни од куќичката на дрво“ од Киро Донев, која е обликувана со илустрации на Миле Топуз, содржи куси раскази, кои, иако поделени во шест циклуси, оформуваат тематска и структурна целина и се наменети за деца од помала возраст – од седум до дванаесетгодишна возраст.

Секоја приказна е раскажана со рима, со стихувани реченици и може да се доживува како своевидна...

Бумбарчиња

Јан Карафијат

БУМБАРЧИЊА 

150 мкд

 

  92 стр., 240 х 170 мм, 2013 

  Јан Карафијат (1846–1929) е чешки евангелистички свеште­ник и писател. Во литературата се појавува со приказната за деца „Бумбарчиња: за мали и големи деца“, 1876. Благодарение на рецензијата на Густав Гама Јарош, во списанието „Час“, првото издание на „Бумбарчиња“ било распродадено веднаш, а во 1894 била издадена повторно. Така, од 1876 до 1980 година „Бумбарчиња“ доживеале 79 изданија. Во оваа приказна за деца Карафијат...

110 Улици

Малгожата Гутовска – Адамчик

350 мкд

238 стр., 200 x 140 мм, 2013

    Романот претставува лесно и интересно четиво за животот и доживувањата на двајцата браќа - шеснаесетгодишниот Михал и дванаесетгодишниот Миколај, жители на Варшава. Главниот јунак Михал е момче кое живее безгрижен живот, меѓу другарите, родителите и наставниците е препознатлив како несериозно дете.

    Тој се интересира за супкул­турната сцена, слуша хип-хоп, црта графити и...

Беседа на фауните том 1

Ристо Давчевски

Беседа на фауните – том 1

250 мкд

312 стр., 200 х 140 мм, 2011 г.

      Првиот том од досега непубликуваните басни на македонскиот писател Ристо Давчевски (1935-2009), како дел од триесетлогијата во десет тома со заеднички наслов „Беседа на фауните“, ги содржи неговите басни во стихови за млади и возрасни во три книги „Некоја чудна полтронија“, „Големата мајмунија“ и „Боса команда“, со предговор на Мито Спасевски.

...