Македоника Литера

Роден крај со срце

Саво Костадиновски
Роден крај со срце
120.00 ден.

Книгата содржи 45 кратки раскази, лирски и вдахновени и со теми од животот на современите печалбари, односно на младите генерации во македонската дијаспора.

Како што пишува Горјан Петревски во поговорот, расказите се со своја порака, а „пораките произлегуваат сами по себе од онаа исконска љубов на печалбарот кон своето родно огниште, за да му ја дадат насоката и на читателот, а секој расказ претставува ‘свечена воздишка’ која не може да го одмине читателот“.

Во срцето на птицата

Владо Димовски
Во срцето на птицата
100.00 ден. 

„Во срцето на птицата“, која е наградена со наградата „Ванчо Нико­лески“ за најдобра книга за деца и млади за 2004 година, е објавен избор од радиодрамското творештво за деца на Владо Димовски. Објавени се шест текста: монодрамата „Јас, дете!?“, радиопиеските „Во срцето на птицата“, „Трите петки, волкот и Зелениот“, „2041-та“, „Врапчето што знаеше да зборува“ и „Децата – огледало на родителите“. Сепак, тие не можат тесножанровски да се определат...

Трпкавица в ногавица

Горан Б. Стојаноски
ТРПКАВИЦА В НОГАВИЦА – необични сказни
150.00 ден.
       

Како што укажува поднаслов, ова е книга со сказни – содржи четириесетина куси текстови напишани во сказновита форма. Книгата е поделена на три дела – во првиот се оние во кои главен е детскиот лик  и каде што во сказните се оди со фантазијата како производ на желбите кај децата, во вториот и најобемен циклус со дваесетина приказни, само го прифаќа континуитетот од првиот, преку поконкретни ликови од животот...

Историјата на Скендербег

Одисе Грило

ИСТОРИЈАТА НА СКЕНДЕРБЕГ

200 мкд

160 стр., 200 х 140 мм, 2012

      Делото од првата објава беше дочекано со високи оценки од страна на најпознатите албански писатели, неколку пати беше преобјавено во Тирана, Приштина и во Скопје.

      Беше преведено и на италијански јазик, а во 1998 година, од страна на Меѓународниот институт за проучување на книжевноста за деца, беше вреднувано како „едно од најдобрите дела на светската литература за деца, напишани во последната...

Бабичка

Божена Њемцова

250 мкд

   218 стр., 200 х 140 мм, 2009     

  Еден и пол век Божена Њемцова е меѓу најпопуларните чешки писатели, а во изборот за најпопуларна книга во Чешка во 2009 година „Бабичка“ го освои второто место.

   Њемцова има необична биографија, а ова дело автобиографски белези. По смртта на синот, Њемцова се одала на пишувањето и напишала ода за својата баба – ја идеализирала и ја претставила како симбол на добрината и љубовта.

...