Македоника Литера

Мајката чакал Скарфејс

Шен Шиси

300 ден.

178 стр., A5 формат (200 x 140), 2019

Прочитај извадок

      „Мајката чакал Скарфејс“ е роман за суштинската поврзаност меѓу најнеoчекуваните сојузници – чакалите и луѓето, како и за врските кои се испреплетуваaт меѓу нив.

    Скарфејс и нејзината глутница златогрби чакали живеат тежок живот. Омразени и несфатени, постојано се прикриени, подалеку од очите на луѓето. Чампа, селскиот ловец, ги грабнува младенчињата на чакалите заради одмазда, со намера да ги искористи за да ја намами и да ја сотре целата глутница. И покрај користа која ја имаат од Скарфејс и од нејзината глутница, селаните сакаат чакалите да си заминат засекогаш. Но, набргу по заминувањето на глутницата, селаните ќе сфатат дека животот без чакалите не е рајот кој некогаш си го замислувале. Зошто?

    Шен Шиси (1952) во кинеската литература е познат како „кралот на приказните за животни“ и е најпродаваниот автор за деца во Кина. Пишува за хуманите односи меѓу животните и луѓето и за хармоничната врска меѓу човекот и природата. Тој е повеќекратен добитник на највисоките награди за литература за деца во Кина. За романот „Мајката чакал Скарфејс“ ја доби тринаесетта по ред награда `Кинеска книга`. Негови дела се преведени на повеќе јазици. Живее во Шангај, Кина.

   Превод од англиски јазик: Славчо Пеев

Лисицата трговец

Шен Шиси

300 ден.

206 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020

Прочитај извадок

    Збирката „Лисицата трговец“ е составена од седум раскази во коишто се прикажани диви, но и домашни животни. Самиот наратив е напишан во лесно читлива форма и содржи многу информации за однесувањето на животните и нивната емоционална интелигенција; во него се прави паралела меѓу однесувањето на луѓето и животните и се отвораат морални и еколошки прашања, прашања за потребната одговорност и меѓусебното...

Летото на Поер (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џанг Ѓие

Мека корица: 300 мкд

Тврда корица: 350 мкд

207 стр./ A5 формат (200 x 140), 2019

Прочитај извадок

     Џанг Ѓие во „Летото на Поер“ пишува за девојките, за сите нови, познати и непознати и магични нешта кои се јавуваат во пубертетот и потоа. Пишува отворено на реални теми и затоа нејзините раскази се многу читани.

  Во својот предговор на оваа книга таа пишува:
...

Животот е живот (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џанг Хаиди

Мека корица 300 мкд

Тврда корица 350 мкд

226 стр./ A5 формат (200 x 140 мм), 2019

 Прочитај извадок

    Книгата "Животот е живот" е збирка од 30 раскази за деца.  Во Кина досега имала седум изданија.

   Во предговорот авторката вели:          

„   Оваа книга е зелениот лист на мојот живот. Досега имаше седум изданија. Многу пријатели ми пишуваат за да ми кажат дека многу им се допаѓа оваа книга, што мене ме исполнува со огромна среќа. Но, понекогаш се чувствувам вознемирена...

Приказните на Фанг Гуоsи (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џоу Жуи

Мека корица 300 мкд

Тврда корица 350 мкд

244 стр. / A5 формат (200 x 140 мм), 2019

Прочитај извадок

     „Приказните на Фанг Гуоѕи“ на Џоу Жуи (1953) содржи 14 раскази, кои се поврзани со ист лик и претставуваат своевидна целина. Во оваа книга тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор.                      За себе во предговорот на книгата Џоу Жуи пишува: „Кога бев дете, никогаш не помислував да станам писател, сакав да станам...