Македоника Литера

Леон, ученикот на волшебникот

  Жарко Милениќ

   200 ден.

   136 стр. / А5 (200 х 140) / 2022

   Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интересира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите. Го очекуваат безброј возбудливи патешествија и средби со необични ликови, а со секоја средба тој станува побогат и поискусен... Така станува и ученик на Антадор, волшебникот со голема моќ, меѓутоа неговите намери секогаш не се добри...
   Книгата содржи поучни приказни за растењето, наменети за децата, но и за оние коишто сè уште во душата се чувствуваат така.

Бадникова вечер

   ХуангБеиѓиа

   (Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)

   200 ден. - меки корици

   300 ден. - тврди корици

   194 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

   „Бадникова вечер“ е еден од најпознатите романи на кинеската писателка Хуанг Беиѓиа (1955), која има богат книжевен опус, пред сè романи. Во овој роман таа пишува за растењето и за созревањето на децата во современиот свет, кои стануваат пореалистични, попресметливи, осамени и егоцентрични. Многу време поминуваат со...

Ноќта со змејот

  Пенг Ји

  (Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
 

   200 ден. - меки корици

   300 ден. - тврди корици

   198 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

   „Ноќта со змејот“ од Пенг Ји (1958) претставува избор од најрепрезентативните дела од фантастичните приказни на Пенг Ји, односно содржи три новели: „Ноќта со змејот“, „Цибетка со девет животи“ и „Тројца диноботи“. Овие приказни, кои личат на народните волшебни приказни, се фантастични и мистериозни, на границата меѓу сонот и...

Големоглав син и малоглав татко

   Џенг Чунхуа   

   (Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)

   200 ден. - меки корици

   300 ден. - тврди корици

   190 стр. / А5 (200 х 140)

   „Големоглав син и малоглав татко“ е најпознатото дело на кинеската писателка Џенг Чунхуа (1959) кое во Кина со години е бестселер и е едно од најрепрезентативните дела во литературата за деца. Адаптирано е за цртана серија која е посебно популарна кај младите и се прикажува во неколку сезони. Приказните во оваа е однесуваат на...

Развигорот нежно дувка

   Сун Ѓианѓианг

 (Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)

   200 ден. - меки корици

   300 ден. - тврди корици

    154 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

   „Развигорот нежно дувка“ содржи избрани басни и бајки на Сун Ѓианѓианг (1946). Басните се куси, но предизвикуваат размислување со извонредно изведени заплети и техники за пишување. Тие можат да го поттикнат критичкото размислување на младите читатели. Некои од басните се полни со животна филозофија, додека други се...